Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Конференција на млади на Црвен крст

2024-12-25

Конференција на млади на Црвен крст

Младинската национална структура на Црвениот крст на ден 21.12.2024 организираше Годишна конференција во просториите на централната канцеларија на ЦКРСМ во Скопје. Овој настан претставуваше можност за истакнување на сите успешни приказни, предизвици и можности на младите на национално и локално ниво, споделување на позитивни практики за успешно креирани и реализирани програмски активности како и вмрежување меѓу клубовите на млади на Црвен крст.

На настанот беа презентирани осум иницијативи и позитивни практики од клубовите на млади при општинските организации на Црвениот крст, со цел да се истакнат нивните достигнувања и иновативни активности. Дополнително, беа доделени пофалници на клубовите на млади како признание за нивниот значаен придонес во младинското работење за 2024 година. Овие активности служат како инспирација за натамошна мотивација и развој на младинските програми во заедниците.