Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Меѓународен ден на старите лица

2025-10-01

Меѓународен ден на старите лица

Црвениот крст на Република Северна Македонија и оваа година се вклучува во одбележување на 1 октомври – Меѓународен ден на старите лица,  кoj е назначен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации на 14 декември 1990 година.  Меѓународен ден има за цел да ја подигне јавната  свест за стареење на населението и да ги охрабри општествата да развиваат системи што ги поддржуваат постарите лица во исполнување и активен живот. Оваа година темата е „Застапување за здраво и инклузивно стареење“.

Овие глобални цели се дел од политиките на нашата држава кои се усогласени  и со Мадридскиот меѓународен акционен план за стареење. Црвениот крст на РСМ активно се вклучува и дава придонес во севкупните напори кои ги преземаат надлежните  институции во остварување на правата, неопходната грижа и заштита на старите лица во земјата.

За таа цел по повод одбележување на 1 октомври, Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст  ќе организираат активности поврзани со глобалните цели, како што се информативни работилници за правата на постарите лица, едукативни сесии на тема од нивен интерес, креативни работилници и дружење со постарите лица, како и други активности со цел подигање на свеста за значење на стареењето.