Red Cross Shape
Министерот за здравство Азир Алиу во посета на Црвениот крст на РСМ

2025-06-24

Министерот за здравство Азир Алиу во посета на Црвениот крст на РСМ

На 24 јуни 2025 година, министерот за здравство Азир Алиу оствари официјална посета на седиштето на Црвениот крст на Република Северна Македонија, каде што беше срдечно пречекан од генералниот секретар Саит Саити.

Во рамки на средбата, беа разгледани тековните и идните аспекти на соработката помеѓу Министерството за здравство и Црвениот крст, со особен акцент на зајакнување на партнерството во областа на јавното здравје, унапредување на превентивните здравствени програми, подобрување на механизмите за одговор при итни состојби, како и поддршка на ранливите категории на население.

По повод одбележување на значаен јубилеј на организацијата, генералниот секретар Саит Саити во знак на благодарност за континуираната институционална поддршка и успешна соработка, му врачи на Министерството за здравство јубилејна плакета. Признанието беше примено со благодарност од страна на министерот Алиу, кој ја истакна важноста на синергијата меѓу институционалните и хуманитарните капацитети во унапредувањето на здравствениот систем во државата.

Двете страни ја потврдија заложбата за натамошно унапредување на соработката преку заеднички проекти и активности насочени кон заштита и унапредување на јавното здравје и благосостојбата на граѓаните.

 

Други вести

Одржан регионален натпревар по прва помош за Регион 1 за 2026 година
Честит 8 Мај – Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина
Црвениот крст доби плакета од МВР по повод Денот на полицијата

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom