Red Cross Shape
НОЕМВРИ – МЕСЕЦ НА БОРБА ПРОТИВ ЗАВИСНОСТИТЕ „ИНФОРМИРАЈ СЕ И ДОНЕСИ ОДЛУКА!“

2026-11-01

НОЕМВРИ – МЕСЕЦ НА БОРБА ПРОТИВ ЗАВИСНОСТИТЕ „ИНФОРМИРАЈ СЕ И ДОНЕСИ ОДЛУКА!“

Ноември е посветен на подигање на свеста за превенција од болестите на зависности, со посебен акцент на штетните последици од употребата на цигари, алкохол и дроги. Оваа година, одбележувањето се реализира под мотото „Информирај се и донеси одлука!“, со цел поттикнување на здравите животни навики и донесувањето одговорни одлуки кај младите.

Aктивности на Црвениот крст на Република Северна Македонија, во текот на месецот ќе се спроведуваат едукативни и превентивни активности насочени кон младите. Според Светската здравствена организација, околу 155 милиони адолесценти на возраст од 15 до 19 години во светот консумираат алкохол, што ја нагласува важноста на навремената едукација и превенција.

Општинските организации на Црвениот крст ќе организираат врснички едукации, работилници, панел-дискусии со стручни лица и кампањи на социјалните медиуми. Активностите ќе бидат насочени кон информирање за ризиците од зависностите, справување со врсничкиот притисок и промовирање здрави избори, во соработка со училиштата, младинските клубови и здравствените установи.

Целта е младите да бидат информирани, да ги препознаваат ризиците и да донесуваат одговорни одлуки за своето здравје.

Други вести

ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО ПРАГА
СПОДЕЛУВАМЕ ИСКУСТВА, ГРАДИМЕ КАПАЦИТЕТИ, ЈА ЗАЈАКНУВАМЕ ХУМАНОСТА
ПХВ НЕДЕЛА

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom