Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Обука за катче за ментално здравје за деца во вонредни ситуации

2025-06-30

Обука за катче за ментално здравје за деца во вонредни ситуации

Во периодот од 24 до 26 јуни 2025 година, во Будимпешта во организација на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина се одржа обука на тема „Катче за ментално здравје за деца во вонредни ситуации“. Целта на обуката беше да ги зајакне капацитетите на учесниците за планирање, спроведување и поддршка на вакви катчиња во контексти на итни состојби.

Обуката беше заснована врз принципите на инклузија, учество и заштита, и се состоеше од интерактивни и практични сесии. На обуката присуствуваше преставник на Црвениот крст на РСМ, како и преставници на други национални друштва кои се ангажирани со програмата ментално здравје и психо-социјална поддршка.

Во текот на обуката беа опфатени неколку клучни теми кои играат суштинска улога во креирањето и спроведувањето на катчиња за ментално здравје за деца во кризни околности. Особено внимание беше посветено на проценката на потребите од детска перспектива, со цел да се обезбеди активно учество на децата и нивно вистинско вклучување во процесот.