Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Oбука за подготовка на проекти

2025-10-06

Oбука за подготовка на проекти

Во периодот од 3 до 5 октомври, во Струга, Црвен крст на РСМ организираше обука за подготовка на проекти, насочена кон фондот за развој и проектите на ЦКРСМ.

На обуката учесниците се запознаа со клучните чекори за подготовка на успешни проекти, техники за ефективно аплицирање и управување со проектни активности, со цел унапредување на капацитетите на организацијата и нејзините локални поддружници.

Оваа иницијатива е дел од нашите напори за поттикнување на иновативни и одржливи проекти кои директно ќе придонесат за поддршка на заедниците и граѓаните во целата земја.