Red Cross Shape
Обукa за судии на натпревари по прва помош

2026-05-04

Обукa за судии на натпревари по прва помош

Во духот на хуманоста и подготвеноста за брза реакција, Црвениот крст на Република Северна Македонија на 30 април 2026 година организираше специјализирана обука за судии на натпревари по прва помош.

На обуката учествуваа 17 кандидати од 11 општински организации на Црвен крст, како и од Црвениот крст на град Скопје. Присутните покажаа високо ниво на ангажираност, активно вклучувајќи се во практичниот дел, каде што ги демонстрираа своите вештини и знаења. Токму нивната посветеност и интерес придонесоа обуката да се реализира успешно и динамично.

Оваа активност е дел од континуираните напори на организацијата за унапредување на квалитетот на едукацијата по прва помош. Преку ваквите обуки, Црвениот крст има за цел да ги зајакне капацитетите на предавачите и демонстраторите, но и да воспостави усогласен и професионален пристап во процесот на оценување на натпреварите по прва помош.

Со вакви иницијативи, организацијата продолжува да инвестира во знаење и подготвеност – клучни фактори за навремена и ефикасна помош во ситуации кога секунда значи живот.

 

Други вести

Продолжување и унапредување на долгогодишната соработка меѓу Црвениот крст на РСМ и Македонски Телеком
16 години заедно за похумано и инклузивно општество
25 август 1993 – Република Македонија ги прифати Женевските конвенции и Дополнителните протоколи

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom