Red Cross Shape
Одбележување на Недела на борба против туберкулоза

2025-09-14

Одбележување на Недела на борба против туберкулоза

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 14-21 септември 2025 год. ќе ја одбележи Неделата на борба против туберкулоза. На овој начин сакаме да ја подигнеме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ.

Туберкулозата и понатаму останува смртоносен убиец во светот. Секојдневно над 4000 луѓе го губат животот од ТБ, а близу 30 000 луѓе се разболуваат од оваа болест која може да се  превенира и излекува.

Овогодинешното мото за одбележување на Недела на борба против туберкулоза на Црвен крст на Република Северна Македонија е: „Да! Moжеме да ставиме крај на ТБ“.Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје во рамки на неделата ќе организираат работилници, ќе споделуваат објави на социјалните медиуми и многу други промотивни активности за подигнување на јавната свест за превенција и навремено дијагностицирање на туберкулозата.

Други вести

ЗАЈАКНАТО ПАРТНЕРСТВОТО МЕЃУ ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ И ТУРСКАТА ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА
ГРАДИМЕ САМОДОВЕРБА, ПОТТИКНУВАМЕ МОТИВАЦИЈА
ПАРТНЕРСТВО, ИСКУСТВО И ЗАЕДНИЧКА ВИЗИЈА

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom