Red Cross Shape
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО – 5-ТИ ДЕКЕМВРИ

2025-12-05

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО – 5-ТИ ДЕКЕМВРИ

Присутни секогаш во нашите заедници

На 5-ти декември во целиот свет се одбележува Светскиот ден на волонтерството во знак на благодарност и оддавање признание на волонтерите за нивниот придонес, значење и улога во зајакнување на нашите заедници, но и за промовирање на  волонтерството и поттикнување на институциите и граѓаните да ги поддржат напорите на волонтерските организации. Волонтерската служба е еден од седумте основни принципи на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина и претставува суштина на нашата работа. Над 17 милиони волонтери во светот секоја година активно се вклучуваат во активностите на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Во Република Северна Македонија, околу 5.000 активни волонтери секоја година несебично придонесуваат за поддршка на ранливите категории, и промовирање на здрави животни навики и градење на посилни и похумани заедници.

Годинава, Светскиот ден на волонтерството го одбележуваме во партнерство со Собранието на РСМ и со локалните самоуправи ширум државата, заедно истакнувајќи ја улогата на волонтерството како основна вредност на солидарност, човечност и граѓанска одговорност но и со цел го зајакнеме партнерството меѓу Црвениот крст и државните чинители во обезбедување поддршка и промоција на волонтерството во нашата земја. Во чест на овој значаен ден, Црвениот крст на РСМ организира централeн настан во Скопје, во партнерство со Собранието на Република Северна Македонија при што околу 30 пратеници ќе се приклучат на волонтерски активности на Црвениот крст на различни локации во Скопје. Општинските организации на Црвениот крст ќе организираат слични настани во општините ширум државата преку вклучување на претставници на локалните самоуправи во промовирање на волонтерството во локалните заедници – таму каде што волонтерската работа започнува и има најголемо влијание. Активностите ќе опфаќаат пакување и дистрибуција на хуманитарна помош, поддршка за бездомници, помош на стари и изнемоштени лица во домашни услови, социјални активности за поддршка на лица од третата доба, поддршка за лица со попреченост, промотивни активности од областа на првата помош и крводарителство и други хуманитарни и социјални активности во заедниците.

Во рамки на активностите кои ќе се одвиваат на 5 декември 2025 година предвидено е потпишување на Парламентарна декларација за поддршка на волонтерството во Собранието на РСМ како и потпишување на Општински декларации во повеќе општини во државата, како потврда за зајакнување на севкупната поддршка за волонтерите и за посилни и посолидарни заедници. По повод одбележувањето на Светскиот Ден на волонтерството, во Собранието на РСМ ќе биде доделена и Благодарница за волонтерите на Црвениот крст на РСМ кои учествуваа во операцијата за поддршка на населението погодено од пожарот во Кочани, во име на сите волонтери што беа дел од оваа акција.

Светскиот ден на волонтерството потсетува дека силата на секоја заедница произлегува од луѓето кои одлучуваат да му помогнат на некој друг. Преку заедничко одбележување со националните институции и локалните власти, Црвениот крст на РСМ ја испраќа истата порака што одекнува и глобално: секое волонтерско дело – мало или големо – е важно и прави разлика. Севкупните активности кои ќе се одвиваат на 5-ти декември се особено важни за подигање на свеста за значењето на волонтерството кај нашите граѓани во пресрет на глобалните активности за промовирање на волонтерството на Обединетите нации кои ја прогласија претстојната 2026 година како Меѓународна година на волонтерството за одржлив развој.

Други вести

Недела на борба против ракот
Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани
Психо-социјална поддршка за деца евакуирани од поплавите во Кичево

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom