Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Организирање на регионални натпревари по прва помош  за 2025 година

2025-05-09

Организирање на регионални натпревари по прва помош за 2025 година

Црвениот крст на РСМ дава посебен придонес во промовирање на првата помош во образовните институции каде уште ги едуцираме младите за важноста од правилно и навремено укажување на прва помош. За младите организираме  натпревари по прва помош со цел што повеќе да ја подигнеме нивната свест и да ги унапредиме нивните знаења од областа на прва помош.

Црвениот крст на РСМ  во месец мај ќе организира 2 регионални натпревари по прва помош за пропласираните екипи од општинските натпревари по прва помош од средните училишта на територија на РСМ.   Овогодинешната тема на натпреварите по прва помош е „Прва помош во училишна средина“.

Оваа година домаќини на Регионалните натпревари ќе бидат ООЦК Гевгелија и ООЦК Центар. Регионалниот натпревар за Регион 1 ќе се одржи на 10 мај 2025 година на граскиот плоштад во Гевгелија, додека регионалниот натпревар за Регион 2 ќе се одржи на 17 мај 2025 во училишниот двор на ООУ “ Димитар Миладинов”, Центар -Скопје.

Овие натпревари не само што ги поддржуваат младите во развој на практични вештини, туку ја поттикнуваат и свеста за важноста за правилна и брза реакција при итни состојби.