Red Cross Shape
Пехар за Делчево, Тетово, Свети Николе и Демир Хисар

2026-06-25

Пехар за Делчево, Тетово, Свети Николе и Демир Хисар

На 24 јуни, во преполната сала на Домот АСНОМ во Делчево, се одржа свеченото доделување на ПХВ пехарот за 2026 година.

Првото место му беше доделено на Црвен крст Делчево, кој реализираше 6 ПХВ проекти оценети со „сонце“. Второто место му припадна на Црвен крст Тетово, кој реализираше 5 проекти со „сонце“, а третото место го поделија Црвен крст Демир Хисар и Црвен крст Свети Николе, со по 4 реализирани проекти оценети со „сонце“.

На настанот присуствуваа и претставници од 27 општински организации на Црвениот крст, кои исто така реализираа проекти оценети со „сонце“, што укажува на континуирано подобрување на квалитетот на проектите.

Свое обраќање на настанот имаа:
• Претседателот на Црвен крст Свети Николе,
• Градоначалниците на Делчево г. Иван Гоцевски и Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова,

• Национален ПХВ координатор на Црвен крст на РСМ г-ѓа Александра Ристовски,
• Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, г. Саит Саити.

Оваа година, преку ПХВ програмата беа обучени:
• 1.223 млади,
• Реализирани се 195 проекти,
• Опфатени и поддржани се 4.888 лица.

Честитки до сите вклучени во овогодишниот ПХВ циклус за постигнатите резултати – како на локално, така и на национално ниво!

Посебни честитки до Црвен крст Делчево за одличната организација на настанот!

#PHV2026 #ЦКМлади

  

Други вести

Конститутивно-изборна седница на Собранието на Црвен крст на Република Северна Македонија
Учество на младински состанок во Солферино, Италија
Генералниот секретар на Црвениот крст во посета на Општина Делчево

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom