Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Почеток на новата академска година на Факултетот за безбедност – Скопје

2025-10-01

Почеток на новата академска година на Факултетот за безбедност – Скопје

По повод почетокот на новата академска 2025/2026 година, на Факултетот за безбедност – Скопје се одржа свечен академски час, на кој присуствуваше и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити.

Со своето присуство, д-р Саити ја потврди долгогодишната соработка меѓу Црвениот крст и академските институции, особено во делот на едукацијата, подготовката и градењето на капацитетите на идните професионалци во безбедносниот сектор. Неговото присуство на настанот претставува поттик за младите студенти да ја препознаат важноста на хуманоста, солидарноста и подготвеноста за одговор при кризни состојби.