Red Cross Shape
Поддршка и грижа за старите лица во домашни услови – два успешно реализирани циклуси на обуки

2026-08-24

Поддршка и грижа за старите лица во домашни услови – два успешно реализирани циклуси на обуки

Проектот „Поддршка и грижа за старите лица во домашни услови“, кој се реализира во периодот јули–декември, се темели на едноставна, но значајна идеја: секое старо лице заслужува поддршка, внимание и достоинствена грижа во позната и безбедна средина – својот дом.

Со цел да се обезбеди квалитетна и сеопфатна грижа за 30 корисници од Центар Жупа, тимот ангажиран во проектот континуирано работи на унапредување на своите знаења и вештини преку специјализирани обуки.

На 20 и 21 јули беше реализирана почетната обука за оперативно работење, наменета за 10 волонтери, медицинска сестра, психолог и локален координатор. Учесниците се стекнаа со практични знаења за препознавање на потребите на старите лица, ефективна комуникација, организација на работата и тимска соработка. Посебно внимание беше посветено и на начинот на прибирање и евидентирање на потребните податоци, како и на можностите за мобилизирање на локалната заедница и создавање одржлив „круг на доверба и грижа“.

Обуките продолжија на 4 и 5 август со вториот циклус, посветен на унапредување на практичните вештини за обезбедување прва помош  и директна психо-социјална поддршка на терен. Преку обуката учесниците се запознаа со значењето на навремената и соодветна реакција, како и со ситуациите во кои е потребно да се пружи, односно да се избегне одреден вид помош.

Резултатите од двете обуки потврдија високо ниво на мотивација, посветеност и подготвеност на тимот за одговорно извршување на својата задача. Стекнатите знаења и вештини претставуваат важна основа за обезбедување квалитетна поддршка и грижа за старите лица во нивните домови.

Продолжуваме со хуманост, посветеност и грижа – чекор по чекор, за достоинствена и подобра старост на нашите сограѓани.

    

Други вести

Светски ден на прва помош, 12 септември 2026
Санитетски транспорт – Посебен превоз
Продолжување и унапредување на долгогодишната соработка меѓу Црвениот крст на РСМ и Македонски Телеком

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom