
2025-05-08
Посета на Бугарскиот Црвен крст
Во пресрет на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина 8-ми Мај, Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити го посети Бугарскиот Црвен крст каде присуствуваше на свечено одбележување кое се одржа во Музејот на Бугарскиот Црвен крст во Софија под слоганот „На страна на хуманоста“. За време на посетата се оствари средба со Претседателот на Бугарскиот Црвен крст Христо Григоров и Генералниот секретар Красимир Гигов на која се дискутираше за претстојната ротација на управувањето со Секретаријатот на мрежата „Соседите помагаат први“ која согласно уредбите за работа го менува управувањето со Секретаријатот секои две години. Во претстојниот период ќе се одржи и формална средба помеѓу двете национални друштва за пренесување на средствата и документацијата од работата на мрежата во изминатиот период како и подготовка за следна редовна годишна средба на членките на мрежата.