
2025-06-11
Посета на делегација од Турската Црвена полумесечина
На 11 јуни 2025 година, Црвениот крст на Република Северна Македонија оствари средба со делегација на Турската Црвена полумесечина. Делегацијата беше примена од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, д-р Саит Саити.
Целта на посетата беше да се искаже благодарност за заедничката спроведена хуманитарна акција, во рамките на која Турската Црвена полумесечина донираше 490 семејни пакети наменети за социјално загрозени семејства во Република Северна Македонија, по повод празникот Курбан Бајрам.
Црвениот крст на РСМ ја изразува својата искрена благодарност за укажаната поддршка и солидарност, како и за долгогодишната соработка со Турската Црвена полумесечина во духот на заедничките хуманитарни принципи.
