
2025-04-16
Посетата на делегација на Црвен крст Штаер
Во периодот од 14 до 15 април 2021 година, делегација од Црвениот крст – Штаер, Австрија, беше во официјална посета на Црвениот крст на РСМ.
Целта на посетата беше разгледување на можностите за продолжување и продлабочување на соработката, особено во делот на активности поврзани со вода и санитација, како и промоција на хигиената.
За време на престојот, беа реализирани повеќе значајни средби, вклучувајќи и средба во централната канцеларија на Црвениот крст на РСМ со генералниот секретар, д-р Саит Саити. На средбата се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка, усогласување на програмските активности и размена на искуства меѓу двете институции.
Делегацијата од Штаер имаше можност да го посети и Оперативниот центар за одговор при катастрофи на ЦКРСМ, каде се запознаа со активностите на Црвениот крст во услови на кризни ситуации, со посебен фокус на интервенции во делот на вода, санитација и промоција на хигиена.
Дополнително, претставниците на Црвен крст Штаер изразија интерес во 2026 година да финансираат курс за обука за вода, санитација и хигиена наменет за потребите на Црвениот крст на РСМ. Обуката ќе биде реализирана од инструктори од Црвениот крст на Австрија.