Red Cross Shape
Потпишан договор за донација помеѓу Црвениот крст на РСМ и Шпаркасе Банка АД Скопје

2025-08-15

Потпишан договор за донација помеѓу Црвениот крст на РСМ и Шпаркасе Банка АД Скопје

На 15.08.2025 во просториите на Црвениот крст на РСМ беше потпишан Договор за донација помеѓу генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити, и Ивана Петревска, Директор на Дирекцијата за маркетинг и комуникации на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Целта на донацијата е поддршка на активности од јавен интерес, со акцент на социо-хуманитарни дејности, преку финансиска помош која ќе овозможи:

  • Аквизација на нови волонтери на Црвениот крст на РСМ, со цел обезбедување брз и ефикасен одговор при новонастанати состојби и итни потреби на територијата на државата;
  • Организирање и спроведување на обука за волонтери – медицински лица, социјални работници и психолози – за обезбедување медицинска, социо-психолошка, логистичка и прва помош;
  • Опремување на волонтерите со летна и зимска опрема, прилагодена на условите за теренска работа;
  • Обезбедување комплетна работна опрема и комплети за прва помош за сите вклучени волонтери.

Оваа донација е пример за успешна соработка меѓу двете институции во насока на јакнење на капацитетите за одговор во кризни ситуации и поддршка на ранливите групи. Таа претставува позитивен модел кој треба да го следат и другите компании и општествено одговорни субјекти, со цел заеднички да придонесуваме кон поотпорно и солидарно општество.“

Други вести

Оглас – Самостоен стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија
Претставници на ЦКРСМ учествуваа на обука за анализа на ризик и сценарио во Сараево
КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ЦКРСМ

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom