Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Црвениот крст и Агенцијата за национална безбедност

2025-11-25

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Црвениот крст и Агенцијата за национална безбедност

Денес, 25 ноември 2025 година, во просториите на Црвениот крст на РСМ беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Црвениот крст и Агенцијата за национална безбедност. Меморандумот го потпишаа генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, д-р Саит Саити, и директорот на АНБ, м-р Бојан Христовски, со што симболично беше потврдена заедничката волја за делување во интерес на општеството..

Со Меморандумот се воспоставува рамка за партнерство и координација со цел унапредување на хуманите вредности, зголемување на општествената подготвеност и зајакнување на знаењата потребни за справување со современите предизвици. Во услови кога светот сè почесто се соочува со непредвидливи ризици, овој документ ја нагласува идејата дека безбедноста не е само институционален механизам, туку и морална обврска кон заштитата на човековото достоинство.