Red Cross Shape
Претседателот на Собранието Африм Гаши во посета на Црвениот крст

2025-08-14

Претседателот на Собранието Африм Гаши во посета на Црвениот крст

На ден 14 август 2025 година, претседателот на Собранието на РСМ, Африм Гаши го посети Црвениот крст на Република Северна Македонија. Во рамки на посетата, тој оствари средба со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.

Во рамки на посетата се разговараше за досегашната соработка, како и за можностите за нејзино понатамошно унапредување. За време на средбата беше отворено прашањето за иницирање на постапка за донесување нов Закон за волонтирање, со цел подобрување на условите и статусот на волонтерите во земјата. Дополнително, беше нагласена важноста од промовирање на Женевските конвенции и дополнителните протоколи. А по повод 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството, беше предложено организирање волонтерска активност со учество на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.

Претседателот Гаши ја истакна важноста на улогата што Црвениот крст ја има во општеството, особено во време на кризи, како и потребата од институционална поддршка на организациите кои се посветени на хуманитарната работа.

Генералниот секретар Саити, пак, изрази благодарност за поддршката, нагласувајќи ја потребата од тесна соработка со сите релевантни општествени актери со цел обезбедување поефикасно и покоординирано делување на терен.

Други вести

Конститутивно-изборна седница на Собранието на Црвен крст на Република Северна Македонија
Учество на младински состанок во Солферино, Италија
Пехар за Делчево, Тетово, Свети Николе и Демир Хисар

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom