Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Присуство на Црвен крст на РСМ на 32-ри Национален натпревар на училишни екипи за прва помош во Бугарија

2025-06-09

Присуство на Црвен крст на РСМ на 32-ри Национален натпревар на училишни екипи за прва помош во Бугарија

На 7 јуни 2025 година, претставници на Црвениот крст на Република Северна Македонија присуствуваа на национален натпревар на училишните екипи за прва помош организиран од Бугарскиот младински Црвен крст, кој се одржа во Лозен. На натпреварот учествуваа 80 ученици од 20 екипи и учесниците преку реалистични сценарија и симулации укажуваа прва помош во итни состојби.

Настанот претставуваше можност за размена на искуства, градење нови пријателства и унапредување на знаењата и вештините од областа на првата помош.