Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Промоција на развојна рамка на Црвен крст на РСМ, Трансформација-28

2023-10-19

Промоција на развојна рамка на Црвен крст на РСМ, Трансформација-28

На 17 октомври 2023 година, Црвениот крст на РСМ организираше настан за промоција на новата петгодишна Развојна рамка на Црвениот крст на РСМ, Трансформација-28. На настанот кој се одржа во хотел Александар Палас беа претставени  амбициите и заложбите на националното друштво за сеопфатни промени во 24 области од делокругот на работењето на Црвениот крст кои имаат за цел да се зајакнат капацитетите на Црвениот крст на РСМ, унапредување на партнерската соработка со разни чинители и развивање и воведување услуги и сервиси за подобрување на животот на населението во локалните заедници.

Во првиот дел од промотивниот настан имаше пригодни обраќања од претседателот д-р Ромел Велев и генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, д-р Саит Саити кои зборуваа за сеопфатниот консултативен процес со партнерските организации во процесот на подготовка на Развојната Рамка на Црвен крст на РСМ “Трансформација-28” и тематските области и содржини кои се интегрален дел од публикацијата, а исто така беше претставен и акцискиот план за нејзино спроведување. На настанот се обрати и Министерот за труд и социјална политика, г.ѓа Јована Тренчевска во име на Владата на Република Северна Македонија – покровител на настанот, која го истакна значењето и придонесот на Црвениот крст во унапредување на животот, здравјето и безбедноста на граѓаните во нашата држава.

Во вториот дел од настанот беа одржани две панел дискусии со учество на експерти од општествениот живот од нашата земја и странство на следниве теми:

Панел дискусија 1: „Градење на здраво и безбедно општество и потребата од ефикасно мобилизирање на ресурси за одговор на современите хуманитарни предизвици“, која беше модерирана од страна на г-дин Александар Кржаловски. Панелисти на настанот беа: д-р. Фатмир Меџити, Министер за здравство; г-ѓа Јована Тренчевска, Министер за труд и социјална политика; г-дин Живко Мукаетов, Генерален директор на Алкалоид АД Скопје; проф. др. Драган Радовановиќ, Претседател на Црвен крст на Србија и г.дин Армен Грегоријан, Постојан претставник на УНДП.

Втората панел дискусија беше на темата: „Модалитети и можности за обезбедување на поефикасен одговор при итни состојби“ и беше модерирана од страна на проф.др. Никола Дујовски. Панелисти на настанот беа: г.дин Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи; г.дин Агим Нухиу, Заменик министер за образование и наука, г.дин Стојанче Ангелов, Директор на Центар за управување со кризи; г.дин Роберт Маркт, Извршен Претседател на Хрватски Црвен крст; д-р Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија.

За време на двете панел дискусиите со еминентни учесници од земјава и странство беше истакнато значењето на придонесот на Црвениот крст во обезбедувањето на комплементарни сервиси и услуги за подобрување на животот на граѓаните и унапредување на севкупниот систем за кризен менаџмент во при катастрофи, вонредни состојби и мирновременски услови.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025