Red Cross Shape
Психо-социјална поддршка за деца евакуирани од поплавите во Кичево

2026-02-26

Психо-социјална поддршка за деца евакуирани од поплавите во Кичево

Црвен крст на Република Северна Македонија преку Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка, во координација со обучени тимови и волонтери за прва психолошка помош, спроведува активности за поддршка на децата евакуирани по поплавите во Кичево.

Активностите се реализираат во спортската сала „Христо Узунов“, каде што привремено се сместени погодените семејства. Во рамки на воспоставеното „Детско катче“ се обезбедува безбедна и поттикнувачка средина што им овозможува на децата игра, дружење и чувство на сигурност во услови на криза.

Преку структуирани едукативни и креативни содржини – како цртање, групни работилници и интерактивни активности – стручните тимови обезбедуваат сеопфатна психо-социјална поддршка со цел намалување на стресот и олеснување на процесот на справување со последиците од поплавите. Овие активности придонесуваат за стабилизација и зајакнување на психолошката, емоционалната и социјалната благосостојба на децата.

Црвениот крст останува посветен на континуирана и координирана помош за погоденото население, со посебен фокус на најранливите категории, особено децата.

Други вести

Обука на психолози за ПТСР: Процена, стабилизација и упатување во институционален контекст
Среќен 8 Март!
Недела на борба против ракот

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom