
2025-05-22
Психолошка помош и психо-социјална поддршка на семејствата на починатите и целото население Кочани
Центарот за ментално здравје при Црвен крст на РСМ во соработка со Комората на психолози организираат и нудат психолошка помош и психо-социјална поддршка на семејствата на починатите и целото население. Истата се реализира во просториите на ОО Црвен крст Кочани, од понеделник до петок, со претходно закажување на термин на телефонскиот број 078/785 – 266.
Психолошките разговори и услуга се бесплатни.
Стручниот тим на психолози, предводен од Комората на психолози и Центарот за ментално здравје при Црвен крст на РСМ, континуирано работи на проценка на потребите на населението во Кочани.
За таа цел се планираат неколку програмски содржини.
,,Чекориме заедно”, е содржински концепт на работилници, кои се наменети за средношколци, а се со цел јакнење и зачувување на менталното здравје на младите.
Пријавувањето е на телефонскиот број 078/785-266