
2025-07-18
Работилница со секретари и претставници на ООЦК за иплементација на Пантеон софтвер
Во рамки на проектот Унифициран финансиски систем, поддржан од Фондот за развој на Меѓународната Федерација на ЦК и ЦП, Црвениот крст на РСМ во период од 14-16 јули 2025 во Солферино, Струга, се одржа Работилница за аспектите на финансиското работење на ЦКРСМ и имплементација на Пантеон – деловен информациски систем. Целта на работилницатабеше да се претстави досегашната имплеметација на Пантеон во општинските организации на ЦК и предизвиците од имплементацијата.
На работилницата учествуваа вкупно 39 претставници од 29 ООЦК, секретари и лица кои се задожени за имплеметација на софтверот. Работилницата јамодерираа претставници на Службата за финансии и ревизија на Црвен крст на РСМ, кои се одговорни за имплементацијата на Пантеон и се поддршка на ООЦКво делот на сметководственото и финансиско работење.
Целта на работилницата беше да се претстави анализата на финансиските податоци од базата на Пантеон и да се поддржат ООЦК во правилното внесување на финансиските податоци во Пантеон и усогласување на конта, плата, влезни и излезни фактури и благајната.
На работилницата беа претставени повеќе формати и прегледи на финансиски извештаи, генерирани во Пантеон, кои ќе можат ООЦК да ги користат во своето тековно работење.
Претставниците на општинските организации беа информирани за следните чекори и планови предвидени за спроведување на софтверот, кои опфаќаат нивна понатамошна обука и техничка поддршка за имплементација на системот.
За понатамошна поддршка за ЕФСР софтверот како и негова примена во работата, претставниците на општинските организации беа информирани дека и понатаму ќе добијата целосна поддршка од претставниците на компанијата Даталаб и од страна на стручната служба на Црвен крст на РСМ.
