Red Cross Shape
Работилница за тимска работа: меѓусебна поддршка во кризни ситуации и само-грижа на волонтерите и вработените на Црвен крст

2026-04-08

Работилница за тимска работа: меѓусебна поддршка во кризни ситуации и само-грижа на волонтерите и вработените на Црвен крст

Во периодот од 03 до 05 април 2026 година, Црвен крст на Република Северна Македонија, во рамки на Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка, реализираше работилница на тема „Тимска работа: меѓусебна поддршка во кризни ситуации и само-грижа“, при што двајца психолози од Центарот беа ангажирани како предавачи.

На работилницата учествуваа вкупно 19 учесници – волонтери и вработени, кои активно беа вклучени во интервенции и давање поддршка за време на поплавите во Кичево, Охрид, Гостивар и Скопје.

Работилницата беше организирана како интерактивен процес, овозможувајќи им на учесниците да се психо-едуцираат за важноста на грижата за себе, да стекнат практични техники за справување со стрес во кризни ситуации на лично ниво, да научат пристапи за меѓусебна поддршка во тим при кризни интервенции, да ја разберат разликата помеѓу приватниот живот и ангажманот при кризни ситуации, како и да ги унапредат своите вештини за ефективна и вешта комуникација.

Посебен акцент беше ставен на искуствата на учесниците од терен, со цел зајакнување на нивната психолошка отпорност и подобрување на тимската координација при идни интервенции.

Работилницата е реализирана со поддршка на Меѓународна федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, во рамки на ДРЕФ операцијата „Поплави 2026“, насочена кон обезбедување навремена и квалитетна поддршка за погоденото население и зајакнување на капацитетите на тимовите на Црвениот крст.

 

Други вести

Саити оствари средба со претседателката на МФЦК/ЦП, Кејт Форбс
Обука за воспоставување семејни врски / Служба Барање – основно ниво
Работилница за психо-социјална поддршка на онколошки пациенти

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom