Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Работна средба со претставници од НАТО и ЦУК

2025-05-09

Работна средба со претставници од НАТО и ЦУК

На 09.05.2025 година Црвениот крст на РСМ го посетија Директор на НАТО ЕАДРЦЦ Кетрин Ванхаме и претставници на Центар за управување со кризи г-дин Урим Вејсели и Игор Каранфиловски кои остварија средба со Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити. За време на средбата се дискутираше за подготовки за учество на Црвениот крст на РСМ на вежба која ќе ја организира НАТО во месец септември оваа година во Република Бугарија. Во пресрет на вежбата е предвидено одржување на подготвителни средби за дефинирање на сценарио и улоги на тимови од Северна Македонија меѓу кои и тим на Црвен крст на РСМ како и учество на евалуатори и координатори за вежбата.