Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Реализиран семинар Меѓународно хуманитарно право и неговата примена во одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент

2025-11-28

Реализиран семинар Меѓународно хуманитарно право и неговата примена во одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент

На 27 ноември 2025 година во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ во касарната „Гоце Делчев“ – Скопје се одржа семинар на тема „Меѓународно хуманитарно право и неговата примена во одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент“, и истиот беше насочен кон запознавање на учесниците со основните правила, принципи и практичната примена на МХП во одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент.

На семинарот учествуваа претставници од повеќе институции: Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Црвениот крст на РСМ.

На настанот, претставник од Црвениот крст на РСМ одржа сесија посветена на хуманитарните активности и примената на МХП во современи услови.

Семинарот придонесе за унапредување на меѓусекторската соработка и размена на искуства, зајакнувајќи ја подготвеноста на институциите за ефикасна примена на МХП во различни ситуации од областа на одбраната, безбедноста и кризното управување.