
2025-07-23
Обука за реалистично прикажување на рани и повреди
Во периодот од 19 до 21 јули 2025 година, во Извидничкиот камп „Скаут“ – Струга, Црвениот крст на Република Северна Македонија реализираше обука за реалистично прикажување на рани и повреди, наменета за волонтери и вработени на Црвениот крст, со цел зајакнување на капацитетите на Националното друштво за прикажување повреди при симулации од областа на првата помош.
Обуката ја следеа вкупно 24 учесници од општинските организации на Црвениот крст, поделени во работни групи за практична работа, а истата ја спроведоа двајца обучувачи Диме Караташев и Елена Николовска од Црвениот крст.
Во рамки на обуката се реализираа активности кои опфатија запознавање со материјалите за шминка, изработка на основнен сет за шминкање, техники за реалистично прикажување на рани и повреди, крварења, посекотини, скршеници, изгореници, ампутирани делови од тело, состојби и повреди од супозиции по прва помош. Беше реализирана практична работа со креирање на сценарија и нивно поставување како симулации – индивидуално и во групи. Учесниците изработија основни сетови за шминка за сопствена употреба во нивните ООЦК, а преку вежби за тимска работа и креативно прикажување на ситуации се зајакнаа нивните практични и комуникациски вештини.
