- Организација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДруго

2025-11-21
Состанок на мрежата „Соседите помагаат први“
Регионалната мрежа „Соседите помагаат први“ има за цел да го зајакне партнерството меѓу националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Југоисточна Европа и пошироко. Мрежата се стреми кон поефективно справување со катастрофи и кризи, размена на добри практики и зајакнување на видливоста на регионот на хуманитарен план. Покрај тоа, таа се фокусира на развивање одржливи начини за мобилизирање на ресурси, како и заеднички проекти и апликации кон ЕУ и други извори за финансирање, со цел обезбедување на ефективни и долгорочни хуманитарни активности. Членки на мрежата се националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина од Северна Македонија, Хрватска, Турција, Босна и Херцеговина, Кипар, Албанија, Грција, Бугарија, Словенија, Унгарија, Романија, Црна Гора и Полска. Во работата на мрежата во својство на набљудувачи учествуваат и претставници од националните друштва на Србија, Австрија, Шпанија, Чешка, Словачка и Италија. Мрежата е иницијатива која се фокусира на солидарност и меѓусебна помош и поддршка меѓу соседите во случај на катастрофи во регионот на Југоисточна Европа. Работата на мрежата ја координира ротирачки Секретаријат.
Од 01 јули 2025 година Секретаријатот и координацијата на мрежата ја презеде Црвениот крст на РСМ. На 20 ноември 2025 година во Скопје во хотел Хилтон се одржа состанок на мрежата во присуство на делегации од националните друштва на Црвен крст на Хрватска, Турција, Грција, Северна Македонија, Словенија, Албанија, Србија, Австрија, Шпанија, Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и Меѓународниот Комитет на Црвен крст. Состанокот на мрежата се одвиваше во два дела. На првиот свечен дел од состанокот покрај меѓународните учесници – националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина присуствуваа и високи претставници на државни институции, претставници на дипломатскиот кор и корпоративнио сектор. Свечени обраќања имаа Министерот за одбрана, г.дин Владо Мисајловски, Претседателот на комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на РСМ, г-дин Павле Арсоски, Извршниот Претседател на Хрватски Црвен крст, г.дин Роберт Маркт и Генералнот секретар на Црвен крст на РСМ, д-р Саит Саити. Во обраќањата беше истакнато значењето на регионалниот пристап и партерска соработка помеѓу националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и државните институции во однос на обезбедување на навремена и координирана поддршка за погодено население при катастрофи во регионот. Исто така Црвениот крст на РСМ ја претстави својата новоформирана Интервентна единица за одговор при катастрофи која ќе биде достапна за интервенирање во случај на поголема каатстрофа како поддршка за севкупниот систем за кризен менаџмент во државата но и за обезбедување на поддршка за соседните национални друштва во случај на поголема катастрофа во регионот.
Во работниот дел на состанокот на Мрежата “Соседите Помагаат Први” беше дефиниран акциски план и буџет за работа на мрежата за следните две години, и беа презентирани добри практики во изминатите 2 години, и беа претставени капацитети и можности за унапредување на меѓусебна соработка и поддршка. Исто така беа дискутирани процедурални прашања поврзани со работата на мрежата. На состанокот имаше и кратка презентација на проектот Блу Ватер и можностите за интегрирање на специфичната техика која ја нуди оваа компанија за прочистување на вода при итни состојби. На состанокот на мрежата исто така беа презентирани и можности за аплицирање на ЕУ фондови и други достапни фондови за оваа намена со цел да се разгледаат можности за понатамошна надградба на капацитетите на мрежата и финасирање на идни активности.

Други вести
Саити оствари средба со претседателката на МФЦК/ЦП, Кејт Форбс
Обука за воспоставување семејни врски / Служба Барање – основно ниво
Работилница за психо-социјална поддршка на онколошки пациенти


Мултимедиа
ПРИНЦИПИ
ХУМАНОСТ
ЕДИНСТВО
УНИВЕРЗАЛНОСТ
ДОБРОВОЛНОСТ
НЕУТРАЛНОСТ
НЕПРИСТРАНОСТ
НЕЗАВИСНОСТ
Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2026

























