Red Cross Shape
Специјализирана обука за ментално здравје и психо-социјална поддршка во итни состојби

2025-06-16

Специјализирана обука за ментално здравје и психо-социјална поддршка во итни состојби

Во периодот од 9 до 11 јуни 2025 година, во тренинг центарот „Солферино“ во Струга, Црвениот крст на РСМ одржа специјализирана обука за ментално здравје и психо-социјална поддршка во итни состојби, со посебен фокус на кризна интервенција и сложени итни случаи.

Обуката беше дел од тековната Disaster Relief Emergency Fund операција, поддржана од Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, насочена кон зајакнување на капацитетите на психолозите кои активно работат на терен – особено во подрачјата погодени од неодамнешни итни состојби, како што е регионот на Кочани. Програмата беше адаптирана да одговори на специфичните предизвици што произлегуваат од сложените кризни ситуации и да поттикне подобро планирање и интервенции во иднина.

Фасилитатори на обуката беа психолози од Центарот за ментално здравје, експерти од Комората на психолози на Република Северна Македонија, како и меѓународен експерт од Хрватскиот Црвен крст, чие искуство и знаење значајно придонесоа за квалитетот на обуката.

Искуството и стручноста на вклучените психолози во областа на менталното здравје, како и нивното активно учество, значително придонесоа за ефективноста на обуката и дополнително ги зајакнаа заедничките напори за обезбедување координирана и навремена психосоцијална поддршка.

Остануваме посветени на унапредување на пристапот до менталното здравје во кризни ситуации и на градење отпорни заедници.

Други вести

Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани
Регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка во Кочани
Ревизорски извештај за фактичките наоди

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom