Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Средба на Саити со Амбасадорката на Грција во РСМ

2025-05-23

Средба на Саити со Амбасадорката на Грција во РСМ

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити, денес оствари средба со амбасадорката на Република Грција во земјава, Н.Е. Sophia Philippidou. Средбата се одржа во просториите на Црвениот крст и беше по повод одбележувањето на јубилејот на Црвениот крст.

На состанокот се разговараше за активностите на Црвениот крст на РСМ, и воедно д-р Саити ја информираше амбасадорката дека неодамна беше потпишан Меморандум за соработка со Грчкиот Црвен крст, кој претставува важен чекор кон институционализирање на партнерството и спроведување на конкретни активности од заемен интерес.

Амбасадорката Philippidou упати искрени честитки по повод јубилејот на Црвениот крст, изразувајќи почит кон долгогодишната хуманитарна работа и посветеност на организацијата.