Red Cross Shape
Тренинг сесии во Љубљана: Јакнење на капацитетите за е-здравство и EU4Health

2026-04-20

Тренинг сесии во Љубљана: Јакнење на капацитетите за е-здравство и EU4Health

Во периодот од 16 до 17 април 2026 година, на Институтот Јожеф Стефан во Љубљана, Република Словенија, се одржаа тренинг сесии за јакнење на капацитетите за е-здравство и EU4Health. На тренингот присуствуваа претставници од Министерството за здравство на РСМ, Црвениот крст на  РСМ и Сорсикс, заедно со клучни академски и истражувачки партнери, вклучувајќи го Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ), Медицинскиот факултет Скопје, Институтот „Јожеф Стефан“ и Техничкиот универзитет Грац.

Тренингот беше организиран во соработка со Националниот институт за јавно здравје на Словенија, со значаен придонес од Хајди Коседнар, која обезбеди детални увиди во имплементацијата на системите за е- здравство во Словенија и нејзиното успешно учество во Програмата EU4Health. Дополнителни сесии беа одржани од Тадеј Хорват, фокусирани на рамките за управување со податоци, регулаторната усогласеност и операционализацијата на EU AI Act, поткрепени со практични примери од проектот ChatMED и иницијативата Slovenian HomeDoctor. Понатаму, Примож Коцуван даде насоки за подобрување на конкурентноста на проектните апликации, додека Матјаж Гамс ја истакна стратешката важност на видливоста на истражувањата и нивната дисеминација.

Тренинг сесиите има за цел јакнење на капацитетите и обезбедување на платформа за вмрежување, трансфер на знаење и зајакнување на соработката помеѓу институционалните, академските и политичките чинители. Стекнатото знаење и воспоставените контакти од тренингот во Љубљана во иднина ќе придонесат за зајакнување на учеството на Република Северна Македонија во ЕУ програмите и унапредување на националните стратегии за е-здравство.

Други вести

Честит 8 Мај – Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина
Црвениот крст доби плакета од МВР по повод Денот на полицијата
Организирање на регионални натпревари по прва помош за 2026 година

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom