Red Cross Shape
Тренинг за тренери за психосоцијална поддршка и кризни интервенции на Црвен крст

2026-05-22

Тренинг за тренери за психосоцијална поддршка и кризни интервенции на Црвен крст

Во текот на месец мај, Црвен крст започна со реализација на специјализиран тренинг за тренери од областа на психо-социјална поддршка (ПСП) и кризни интервенции. Програмата опфаќа 25 волонтери и вработени од организацијата, кои во иднина ќе спроведуваат обуки за институции и организации вклучени во системот за кризен менаџмент, како и за други релевантни институции и компании.

Тренингот се состои од 12 интерактивни работилници, секоја со времетраење од 3 часа, преку кои учесниците преку практична работа и лично искуство развиваат знаења и вештини за постапување во кризна состојба. Целта е создавање сертифицирани тренери кои ќе можат да обезбедуваат психосоцијална поддршка во кризни ситуации, да обучуваат други професионалци и волонтери, како и да управуваат со групи во високо-стресни околности. По завршувањето на обуката, учесниците ќе бидат оспособени да применуваат смирувачка комуникација во кризни ситуации, да препознаваат реакции на стрес и дезорганизација, да користат техники на активно слушање, валидирање и заземјување, да комуницираат на начин што не предизвикува дополнително вознемирување, да создаваат чувство на сигурност и стабилност кај лица во криза, како и да пренесуваат знаења на други волонтери и професионалци.

Овој тренинг претставува значаен чекор во унапредување на капацитетите за психосоцијална поддршка и кризен менаџмент во заедницата.

  

Други вести

Продолжување и унапредување на долгогодишната соработка меѓу Црвениот крст на РСМ и Македонски Телеком
16 години заедно за похумано и инклузивно општество
25 август 1993 – Република Македонија ги прифати Женевските конвенции и Дополнителните протоколи

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom