Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Учество на д-р Саит Саити на 68. Генерално собрание на Црвениот крст на Бугарија

2025-05-18

Учество на д-р Саит Саити на 68. Генерално собрание на Црвениот крст на Бугарија

На 17 мај 2025 година се одржа 68. Генерално собрание на Црвениот крст на Бугарија (ЦКБ). По официјална покана од домаќините, на собранието присуствуваше и д-р Саит Саити, Генерален секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, кој имаше свое излагање пред делегатите. Во своето обраќање, тој ја истакна важноста на меѓусебната соработка и солидарноста меѓу националните друштва, со посебен акцент на заедничките хуманитарни цели и справувањето со предизвиците во регионот. Во знак на благодарност за укажаната поддршка и донацијата на Црвениот крст на Бугарија за настраданите од пожарите во Кочани, д-р Саити им врачи благодарница, изразувајќи искрена почит за нивната хуманост и солидарност.