
2025-11-10
Реализирани врснички едукации за мотивација на нови млади крводарители
Со цел зголемување на свеста за доброволното дарување на крв, како и поттикнување на дарувањето меѓу младите, во месец октомври, неколку дена пред реализација на крводарителските акции во средните училишта, од страна на Општинските организации на Црвен крст: Неготино, Битола, Карпош, Чаир, Куманово, Велес, Ресен и Кисела Вода беа реализирани 21 едукација за млади идни дарители на крв, за 434 млади млади слушатели, идни дарители на крв.
На мотивациските сесии, младите имаа можност да се запознаат детално со процесот на дарување на крв, со цел нивно поттикнување за идно вклучување во мрежата на редовни дарители, како и зголемување на бројот на прводарители.
Едукациите на територија на градот Скопје, беа реализирани во соработка на Институтот за трансфузиона медицна.
