Red Cross Shape
Главниот државен ревизор на РСМ во посета на Црвениот крст

2025-11-13

Главниот државен ревизор на РСМ во посета на Црвениот крст

Главниот државен ревизор на Република Северна Македонија м-р Максим Ацевски оствари работна средба во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија. На средбата, домаќин беше генералниот секретар на организацијата, д-р Саит Саити, кој го пречека ревизорот и ја претстави работата, мисијата и тековните активности на Црвениот крст.

Во пријатна и конструктивна атмосфера се разговараше за важноста на транспарентноста и отчетноста во работењето на хуманитарните организации, како и за можностите за соработка меѓу Државниот завод за ревизија и Црвениот крст во насока на унапредување на доброто управување и одговорното користење на јавните и донациските средства.

Главниот државен ревизор ја изрази својата благодарност за топлиот прием и го нагласи значењето на улогата што Црвениот крст ја има во општеството, особено во моментите на криза, природни непогоди и социјални предизвици.

Од своја страна, генералниот секретар Саити истакна дека Црвениот крст секогаш е отворен за соработка со институциите на системот, и дека меѓусебната размена на искуства и добри практики придонесува за поголема доверба на граѓаните во институциите и организациите кои работат во јавен интерес.

Во знак на признание и благодарност за поддршката и соработката во активностите на Црвениот крст, генералниот секретар Саит Саити му врачи благодарница на главниот државен ревизор.

На крајот на средбата, двете страни се согласија дека ваквите иницијативи се од особено значење за унапредување на транспарентноста, интегритетот и меѓусебната соработка во корист на заедницата.

     

Други вести

Академија на млади на ЦКРСМ – од идеи до иницијативи!
„СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА“ – ЦРВЕНИОТ КРСТ ЈА ОДБЕЛЕЖУВА НЕДЕЛАТА НА ГРИЖА ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА
НЕ МОРА СÈ ДА НОСИТЕ САМИ – ЦРВЕНИОТ КРСТ ВОВЕДУВА НОВА УСЛУГА ЗА ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom