- Организација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДруго

2026-01-22
Херојот од Водици – Даниел Раевски Волонтерска приказна
Даниел Раевски веќе седум години е волонтер во Црвениот крст на Република Северна Македонија. За него, волонтерството не е нешто што се прави повремено, туку сериозна обврска и одговорност кон луѓето и заедницата. Дел е од националниот интервентен тим при катастрофи, а волонтирањето го започнал во Клубот на млади на општинската организација на Црвен крст Кисела Вода. Преку годините, вели, научил дека во секоја ситуација најважно е да се остане смирен и да се донесе правилна одлука.
Волонтерството значително го променило неговиот поглед кон животот. Контактот со различни луѓе и ситуации го научил дека секоја интервенција може да направи разлика и дека одговорноста не завршува со задачата, туку продолжува и по неа. Токму затоа, пристапува сериозно и посветено кон секоја активност во која е вклучен.
Даниел нагласува дека ниту една интервенција не е индивидуален чин, туку резултат на тимска работа. Координацијата меѓу волонтерите е од клучно значење, бидејќи секој член има своја улога и задача. Иако не секогаш сè оди според планот и често има непредвидени ситуации, токму тогаш се покажува силата на тимот и меѓусебната поддршка.
Искуството и обуките во Центарот за безбедност на вода имаат голема улога во неговата подготвеност. Низ бројни вежби и тренинзи постојано се работи на пристап кон давеник, смиреност и брза реакција во критични моменти. Спасител на вода е веќе пет години, а моментално е и демонстратор на затворени води во Центарот за безбедност на вода – Скопје.
Со ангажманот за Водици е четврта година по ред, а три години директно е дел од тимот кој е во вода за време на поддршката на настанот. Зад себе има искуство како спасител во поголем број на водени површини. Сите овие искуства, како што вели, му помагаат во реални ситуации да реагира смирено и навремено.
За Даниел, волонтерството во Црвениот крст е можност да се помогне таму каде што е најпотребно, но и начин да се изградиш како личност. На младите им порачува да не се двоумат и да се охрабрат да станат волонтери, бидејќи не е потребно да знаат сè однапред – најважна е желбата за помош. Во Црвениот крст, вели, секој учи, напредува и станува дел од тим што секогаш стои еден зад друг.



Други вести
НЕ МОРА СÈ ДА НОСИТЕ САМИ – ЦРВЕНИОТ КРСТ ВОВЕДУВА НОВА УСЛУГА ЗА ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ
ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО ПРАГА
СПОДЕЛУВАМЕ ИСКУСТВА, ГРАДИМЕ КАПАЦИТЕТИ, ЈА ЗАЈАКНУВАМЕ ХУМАНОСТА


Мултимедиа
ПРИНЦИПИ
ХУМАНОСТ
ЕДИНСТВО
УНИВЕРЗАЛНОСТ
ДОБРОВОЛНОСТ
НЕУТРАЛНОСТ
НЕПРИСТРАНОСТ
НЕЗАВИСНОСТ
Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2026

























