Red Cross Shape
Конкурс

2025-01-27

Конкурс

Црвен крст на Република Северна Македонија

Објавува

 

К О Н К У Р С

 

за избор на идејно решение за изработка на лого по повод

прославувањето на јубилејот 80 години црвен крст со мото „80 години – Ние ги гледаме луѓето“

 

Основни технички барања:

  • Логото треба да биде во векторски формат
  • Самостојно авторско дело на сите елементи – доколку се користат дополнителни елементи истите да бидат доставени и како посебни графички елементи.

Изборот за најдобро лого ќе се изврши од страна на комисија формирана во ЦКРСМ која ќе го објави победникот на конкурсот на социјалните мрежи и вебстраната.

 

За победникот следува парична награда.

 

Силно веруваме во креативниот потенцијал на младите во Република Северна Македонија и во нивната желба и подготвеност, да учествуваат во креирањето на тоа што е наменето за сите граѓани.

Сигурни сме дека изразениот натпреварувачки дух и овој пат ќе ја поттикне иновативноста и хуманоста да помогнат во избор на најдоброто идејно решение за лого на овој голем јубилеј на најстарата хуманитарна организација во државата.

 

Секоја идеја вреди!

 

Идејните решенија да се доставуваат на следната е-маил адреса: notify@redcross.org.mk со назнака „ЗА КОНКУРС 80 ГОД ЦРВЕН КРСТ“

 

Конкурсот трае до 09.02.2025 година.

Други вести

Конститутивно-изборна седница на Собранието на Црвен крст на Република Северна Македонија
Учество на младински состанок во Солферино, Италија
Пехар за Делчево, Тетово, Свети Николе и Демир Хисар

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom