Ментално здравје и психосоцијална поддршка

Црвениот крст на Република Северна Македонија обезбедува широк спектар на програми и активности за ментално здравје и психосоцијална поддршка. Програмите за ментално здравје и психосоцијална поддршка можат да имаат непроценливо влијание врз животите на луѓето на кои им се потребни, особено кога ќе се испорачаат рано откако ќе се случи катастрофа.

Нашата работа

Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвен крст на РСМ, претставува систем за испорака на психолошка прва помош и психо-социјална поддршка, кој цели кон заштита на менталното здравје и зајакнување на отпорноста на волонтерите, вработените на Црвениот крст и населението.

Центарот функционира преку четири компоненти:

  • психо-социјална поддршка на вработени и волонтери,
  • работа со население,
  • дејствување при кризи и
  • соработка со институции.

 

Центарот ги координира активностите за менталното здравје и психо-социјалната поддршка  и придонесува во развој на психо-социјалната компонента на национално ниво преку општинските организации на Црвен крст.

Што ние нудиме?

Психо-социјална поддршка на вработени и волонтери

  • Активности за обучување на вработени и волонтери за прва психолошка помош
  • Зајакнување на отпорноста преку различни едукативни работилници
  • Учење на техники за справување со стрес и стресни настани
  • Формирање на групна поддршка и други видови на интервенции.

 

Работа со население

  • Кампањи за подигнување на свеста за намалување на стигма за менталното здравје и психо-социјалната поддршка
  • Промовирање на позитивна ментална благосостојба и надминување на стигмата што често ги опкружува состојбите на менталното здравје
  • Едукација преку психо-едукативни материјали за реакции при соочување со стресни ситуааци и справување
  • Психо-едукација на национално ниво
  • Психо-социјална поддршка преку телефонски линии
  • Психо-социјална поддршка и психолошко советување на лица во социјален ризик
  • Психо-социјална поддршка на стари лица и лица со попреченост
  • Психо-социјална поддршка на раселени лица, мигранти, баратели на азил
  • Психолошка поддршка преку соработка со институции и организации.

Дејствување при кризи

  • Формиран национален тим за психо-социјална поддршка за кризни интервенции кој дејствува на национално ниво при елементарни непогодии, собраќајни несреќи и други несреќи од поголем размер.
  • Тимовите за психо-социјална поддршка се состојат од професионалци и волонтери со стручни познавања од сферата на психологијата, медицината, социјалната работа.

Соработка со институции

  • Обуки и работилници за прва психолошка помош и реакции на стресни настани за припадници на итните служби
  • Соработка со институциите при воспоставување на програми за зајакнување на отпорноста на населението
  • Воспоставување на систем за упатување по направена психо-социјална проценка
  • Интегрирање на психо-социјална компонента во одговорот при кризи на национално ниво. 

Ментално здравје и психо-социјална поддршка и кризни состојби

Катастрофите и вонредните состојби влијаат не само на физичкото здравје на луѓето, туку и на нивното ментално здравје и благосостојба. Решавањето на глобалното ментално здравје и психосоцијалните потреби е витален дел од работата на Црвен крст на РСМ за поддршка на заедницата.  

Вооружените конфликти, природните катастрофи и другите итни случаи често ги изложуваат луѓето на исклучително вознемирувачки настани. Луѓето се соочуваат со загуби и сериозни повреди на човековото достоинство. Доколку не се лекуваат, овие рани може да предизвикаат сериозна и долгорочна штета на поединци, семејства, заедници и цели општества.

< врати се назад