Red Cross Shape
Недела на забоздравствена заштита 15-21 декември 2020

2020-12-15

Недела на забоздравствена заштита 15-21 декември 2020

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 15-21 декември 2020 год. ќе ја одбележи Неделата на забозадравствена заштита со мотото: Здрави животни навики за здрави насмевки. На овој начин сакаме да ја подигнеме јавната свест за важноста на оралното здравје, кое е клучен показател за целокупното здравје, благосостојба и квалитетот на животот. Повеќето орални заболувања и состојби имаат заеднички модифицирани фактори на ризик со водечките незаразни хронични болести (кардиоваскуларни заболувања, карцином, хронични респираторни заболувања и дијабетес). Овие фактори на ризик вклучуваат и употреба на тутун, консумација на алкохол и нездрава исхрана богата со рафинирани шеќери. Постои докажана врска помеѓу оралното здравје и општата здравствена состојба. Докажано е дека дијабетес мелитус е поврзан со развој и прогресија на периодонтитисот.

Клучни факти

  • Оралните болести претставуваат голем здравствен товар за многу земји и влијаат на луѓето во текот на нивниот живот, предизвикувајќи болка, непријатност, изобличување, па дури и смрт.
  • Се проценува дека оралните болести влијаат на скоро 3,5 милијарди луѓе.
  • Нетретиран забен кариес кај трајните заби е најчестата здравствена состојба според студијата за Глобалното оптоварување на болести направена 2017 година.
  • Повеќе од 530 милиони деца страдаат од забен кариес на примарни заби (млечни заби).
  • Скоро 10% од глобалното население страда од напредна форма на пародонтална болест што може да резултира со губење на забите.
  • Фактори кои придонесуваат за орални заболувања се нездрава исхрана богата со шеќер, употреба на тутун и употреба на алкохол.
  • Добрата хигиена, редовните прегледи на забите и здравиот начин на живот  допринесуваат во заштита на оралното здравје, без оглед на возраста.
  • Повеќето орални заболувања во голема мера се спречуваат и можат да се лекуваат во рана фаза.

Други вести

Среќен 8 Март!
Недела на борба против ракот
Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom