Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 5-ТИ ДЕКЕМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО

2024-12-05

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 5-ТИ ДЕКЕМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО

На 5-ти декември во целиот свет се одбележува Светскиот Ден на Волонтерството. На овој ден им оддаваме признание на волонтерите ширум светот за нивниот придонес, значење и улога во зајакнување на нашите заедници но исто така го промовираме волонтерството и ги поттикнуваме надлежните институции да ги поддржат напорите на волонтерските организации. Волонтерската служба е еден од седумте основни принципи на Движењето и ја претставува суштината на работата на  Црвениот крст и Црвена полумесечина.

Над 16 милиони волонтери во светот секоја година се активно вклучени во активностите на националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина. Двајца на секој 1000 луѓе во светот волонтираат во Црвениот крст. На секој еден вработен во Црвениот крст има уште 20 волонтери кои придонесуваат светот да биде побезбедно и поубаво место за живеење за многу луѓе кои се исправени пред разни социјални, здравствени и други предизвици. Во просек, помеѓу 4.000 до 5.000 волонтери активно се вклучени во програмите на Црвениот крст на РСМ на годишна основа.

Годинава, овој празник Црвениот крст на РСМ го одбележува под мотото “Во заштита на хуманоста”, оддавајќи им признание на придонесот на нашите волонтери кои припаѓаат на сите генерации, од најмладите до највозрасните, кои во духот на хуманоста обезбедуваат поддршка за спроведување на нашите активности наменети за најразлични корисници на услуги. Централниот настан се организираше во хотел ДаблТри Хилтон во Скопје во присуство на бројни волонтери од општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје. На настанот Црвениот крст на РСМ упати јавна благодарност до сите волонтери во земјата за нивниот придонес во развојот на организацијата и обезбедување на поддршка за спроведување на активностите на националното друштво.

Нека е честит 5-ти декември, Светскиот Ден на Волонтерството

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025