Red Cross Shape
Одржан регионален натпревар по прва помош за Регион 1 за 2026 година

2026-05-11

Одржан регионален натпревар по прва помош за Регион 1 за 2026 година

На 09 мај 2026 година во центарот на Прилеп, се одржа регионалниот натпревар по прва помош на Црвен крст на РСМ за Регион 1, каде домаќин беше Општинска организација на Црвен крст Прилеп. На натпреварот учествуваа 14 екипи од 14 ООЦК (ООЦК Куманово, ООЦК Неготино, ООЦК Гази Баба, ООЦК Прилеп, ООЦК Пробиштип, ООЦК Центар, ООЦК Кичево, ООЦК Кавадарци, ООЦК Гостивар, ООЦК Виница, ООЦК К.Паланка, ООЦК Ресен, ООЦК Берово и ООЦК Чаир).

За време на свечениот дел на отворањето и затворањето на натпреварот волонтерите и гостите беа поздравени од страна на Генералниот секретар на ЦКРСМ д-р Саит Саити, Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Дејан Проданоски и потпретседателот на ООЦК Прилеп г-ѓа Гордана Тошеска.

Регионалниот натпревар се спроведе во 2 траектории, на секоја траекторија  имаше по 8 работни места од кои 5 беа работни места за прва помош и 3 од забавен карактер.

Најдобрите 5 екипи од овој регион кои покажаа најдобар резултат и ќе учествуваат на државен натпревар по прва помош за 2026 година се екипите од:

1) ООЦК Центар- прво место

2) ООЦК Кичево – второ место

3) ООЦК Виница – трето место

4) ООЦК Прилеп – четврто место

5) ООЦК Гази Баба – петто место

Во категоријата на забавни игри  и дисеминација, на првите три најдобри екипи им беа доделени и награди како мотивација за продолжување на нивниот ентузијазам и придонес во областа на првата помош.

Црвениот крст ќе продолжи и понатаму да ја унапредува културата на прва помош и да создава можности младите активно да се вклучуваат во хуманитарни и едукативни активности. Натпреварите по прва помош претставуваат значајна поддршка за младите во стекнување и унапредување на нивните знаења и способности, поттикнувајќи чувство на одговорност, хуманост и подготвеност за помош во заедницата.

Други вести

Оглас – Самостоен стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија
КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ЦКРСМ
Резултати за ПХВ програма за циклус 2026!

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom