Red Cross Shape
Оглас – Самостоен стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија

2026-06-13

Оглас – Самостоен стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА НАШИОТ ТИМ!

 

Доколку сте професионална, доверлива, добро организирана и мотивирана личност и сакате да работите во динамична атмосфера со можност за напредок во кариерата, Ве поттикнуваме да се приклучите на организацијата која нуди широки можности.

 

Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

 

Централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија објавува оглас за работното место:

 

Самостоен стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија

Адреса: Црвен крст на Република Северна Македонија

бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје

 

Потребни квалификации:

 

  • Задолжително: Завршено високо образование од областа на економските науки
  • Задолжително: Минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција
  • Задолжително: Познавање на софтверот Pantheon, MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint, Outlook), интернет, комуникациски платформи: Microsoft Teams, Zoom.
  • Задолжително: Познавање на англиски јазик (усно и писмено)
  • Предност: Лиценца за овластен сметководител
  • Предност: Познавање на проектно работење и известување

Лични карактеристики:

 

  • Висок личен интегритет и деловна култура
  • Доверливост и етички пристап кон работните обврски
  • Одлични комуникациски, организациски и аналитички способности
  • Одговорност и проактивност
  • Способност за работа под притисок и запазување куси временски рокови
  • Способност за работа во тим
  • Иновативност и креативност
  • Мотивираност и лојалност кон организацијата и нејзините цели
  • Подготвеност за учење и професионален развој
  • Чувство за мултикултурализам, недискриминација и толеранција

 

Работни должности:

 

  • Подготвува буџет на организацијата;
  • Изготвува предлог-програма за одобрување на средства од буџетот на организацијата;
  • Подготвува годишен финансиски извештај, периодични планови и извештаи;
  • Подготвува завршна сметка согласно законската регулатива;
  • Дава предлози и подготвува стручни анализи за прашања кои се од значење за финансиското работење;
  • Врши контрола на целокупната документација за материјално и финансиско работење;
  • Врши контрола на пресметување на плати, боледувања и други отсуства на вработените;
  • Ги следи приливите на приходи и врши нивна внатрешна распределба;
  • Подготвува извештаи за движење на средствата од буџетот и од проекти;
  • Води финансиско книговодство и сите работи од областа на материјално и финансиско работење;
  • Дава стручна помош на ООЦК и ЦКГС од својот делокруг на работа;
  • Врши следење и примена на одделни прописи од областа на материјално и финансиско работење;
  • Ги подготвува сите потребни податоци за надворешни ревизии, како што се транскрипти на сметки, изводи од сметките, финансиски извештаи и други релевантни документи.
  • Соработува со надворешни ревизори и обезбедува информации за поддршка на нивната работа.
  • Учествува во изготвување на ревизорските извештаи и примена на препораките за подобрување на финансиското работење.
  • Изготвува извештаи за Раководството и врши презентација на резултатите и анализите со цел да се донесат информирани одлуки за финансиското управување на ООЦК.
  • Соработува со други организации (локални и меѓународни) во делот на финансиското работење;
  • Подготвува финансиски извештаи за реализирани редовни активности и проекти;
  • Учествува во подготовка на буџетска рамка за планирани и аплицирани проекти;
  • Подготвува работни материјали за состаноци на комисии;
  • Редовно ги следи промените во законската регулатива, стратегиите и политиките на надлежните Министерства и Владата;
  • Врши други работни задачи по задолжение на Генералниот секретар.

Дополнителни информации:

 

Ø Работно време: 40 часа неделно, од понеделник до петок. Работните активности се извршуваат во просториите на Црвениот крст на РСМ.

Ø Нето плата: 60.000 – 65.000 денари (по договор). Ø Е-маил адреса за аплицирање: mrc@redcross.org,mk

 

Ве очекуваме.

Со добиените податоци ќе се постапува согласно Законот за заштита на лични податоци.

Други вести

Конститутивно-изборна седница на Собранието на Црвен крст на Република Северна Македонија
Учество на младински состанок во Солферино, Италија
Пехар за Делчево, Тетово, Свети Николе и Демир Хисар

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom