- Организација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДруго

2026-05-21
Оглас – Стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија – Сметководител на организацијата
ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА НАШИОТ ТИМ!
Доколку сте професионална, доверлива, добро организирана и мотивирана личност и сакате да работите во динамична атмосфера со можност за напредок во кариерата, Ве поттикнуваме да се приклучите на организацијата која нуди широки можности.
Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.
Централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија објавува оглас за работното место:
Стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија – Сметководител на организацијата
Адреса: Црвен крст на Република Северна Македонија, бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје
Потребни квалификации:
- Задолжително: Завршено соодветно образование од областа на економските науки
- Задолжително: Поседување лиценца за овластен сметководител
- Задолжително: Познавање на MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint, Outlook), интернет, комуникациски платформи: Microsoft Teams, Zoom.
- Предност: Минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција; познавање на софтверот Pantheon, познавање на проектно работење и известување, добро познавање на англиски јазик (усно и писмено)
Лични карактеристики:
- Висок личен интегритет и деловна култура
- Доверливост и етички пристап кон работните обврски
- Одлични комуникациски, организациски и аналитички способности
- Одговорност и проактивност
- Способност за работа под притисок и запазување куси временски рокови
- Способност за работа во тим
- Иновативност и креативност
- Мотивираност и лојалност кон организацијата и нејзините цели
- Подготвеност за учење и професионален развој
- Чувство за мултикултурализам, недискриминација и толеранција
Работни должности:
Водење на сметководствени книги:
- Водење на детални сметководствени записи и евиденција за сите финансиски трансакции на ООЦК.
- Прецизно категоризирање на сите финансиски податоци во соодветните сметки и книги согласно сметководствените стандарди.
- Регистрирање на сите влезни и излезни фактури на ООЦК, обезбедување на точност на податоците во сметководствените записи.
Подготовка на месечни и годишни финансиски извештаи:
- Анализа на финансиските резултати.
- Подготовка на извештаи за раководството кои вклучуваат анализи на расходите и приходите, како и препораки за оптимизација на финансиското работење.
Подготовка и обработка на даночни обврски:
- Контрола на тековните и историските даночни записи.
Контрола на тековните плаќања и наплати:
- Следење на сите финансиски трансакции, како што се плаќања за добавувачи, наплата на побарувања и исплата на плати.
- Подготовка на платежни наредби и следење на сметки кои се должни за наплата.
- Периодична проверка на стапката на побарувања и обврски.
Анализа на сметките и откривање на несогласувања:
- Редовно споредување на финансиските податоци од различни извори (банки, добавувачи, клиенти) за да се идентификуваат и корегираат несогласувања во сметководствените записи.
- Извршување на интерни проверки на финансиските податоци и системи.
Комуникација со други оддели и надворешни партнери:
- Пружање консултации на ООЦК за сите сметководствени и финансиски прашања.
- Комуникација со банки, даночни власти, клиенти и добавувачи за да се обезбеди точност на финансиските трансакции.
- Помагање во донесувањето на стратешки одлуки за финансиско управување и оптимизација на трошоците.
Подготовка на буџет:
- Помагање при подготовка на годишен буџет за Националното друштво, ООЦК и ЦКГС, вклучувајќи прогнози за приходи, трошоци и капитални инвестиции.
- Следење на буџетскиот напредок и споредување на планираните и реализираните резултати, со цел да се обезбеди финансиска дисциплина.
- Чување и одржување на инвентарот, опремата и потрошниот материјал;
- Извршување и на други работи што ќе му бидат доверени во согласност со описот на работното место;
- Извршување и на други работи што ќе му бидат доверени и наложени од страна на Генералниот Секретар.
- Вршење на други работни задачи по задолжение на Генералниот секретар.
Дополнителни информации:
- Работно време: 40 часа неделно, од понеделник до петок. Работните активности се извршуваат во просториите на Црвениот крст на РСМ.
- Нето плата: 60.000 денари.
- Е-маил адреса за аплицирање: mrc@redcross.org,mk
- Рок за пријавување е 02.06.2026 година.
Со добиените податоци ќе се постапува согласно Законот за заштита на лични податоци.
Други вести
ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО ПРАГА
СПОДЕЛУВАМЕ ИСКУСТВА, ГРАДИМЕ КАПАЦИТЕТИ, ЈА ЗАЈАКНУВАМЕ ХУМАНОСТА
ПХВ НЕДЕЛА


Мултимедиа
ПРИНЦИПИ
ХУМАНОСТ
ЕДИНСТВО
УНИВЕРЗАЛНОСТ
ДОБРОВОЛНОСТ
НЕУТРАЛНОСТ
НЕПРИСТРАНОСТ
НЕЗАВИСНОСТ
Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2026

























