Red Cross Shape
Организирање на регионални натпревари по прва помош за 2026 година

2026-05-06

Организирање на регионални натпревари по прва помош за 2026 година

Црвениот крст на РСМ дава посебен придонес во промовирање на првата помош во образовните институции каде уште ги едуцираме младите за важноста од правилно и навремено укажување на прва помош. Со цел дополнително да се поттикне свеста кај младите, како и да се унапредат нивните знаења и практични вештини, организираме натпревари по прва помош.

Црвениот крст на РСМ  во месец мај ќе организира два регионални натпревари по прва помош за пропласираните екипи од општинските натпревари по прва помош од средните училишта на територија на РСМ.   Овогодинешната тема на натпреварите по прва помош е „Прва помош во урбана средина“.

Оваа година домаќини на Регионалните натпревари ќе бидат ООЦК Прилеп во Регион 1 и ООЦК Кисела Вода во Регион 2. Регионалниот натпревар за Регион 1 ќе се одржи на 9 мај 2026 година во центарот на Прилеп, додека регионалниот натпревар за Регион 2 ќе се одржи на 16 мај 2025 во паркот „Тоше Проески“ – Скопје. На двата регионални натпревари ќе учествуваат вкупно 30 екипи по прва помош, по 15 екипи во секој регион.

Натпреварите по прва помош претставуваат значајна поддршка за младите во стекнување и унапредување на нивните знаења и способности, а воедно придонесуваат и за зголемување на информираноста за навремена и ефикасна реакција при итни состојби, поттикнувајќи чувство на одговорност, хуманост и подготвеност за помош во заедницата.

Други вести

Светски ден на прва помош, 12 септември 2026
Санитетски транспорт – Посебен превоз
Продолжување и унапредување на долгогодишната соработка меѓу Црвениот крст на РСМ и Македонски Телеком

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom