март 28, 2016

ОТВОРЕН НОВ ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ОШТИНА САРАЈ

На ден 28.03.2016.(понеделник) со почеток од 11ч, во просториите на основното училиште „Дитурија“ се отвори новиот дневен центар за стари лица на Црвен крст на град Скопје во општина Сарај. Овој настан е организиран во рамки на програмата „Дневен цента за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“

На овој настан беше потпишан договор за соработка помеѓу Црвен крст на град Скопје, Здружението на пензинери од Сарај и основното училиште „Дитурија“. Реализација на оваа активност е поддржана од страна на Даути Фондацијата и компанијата ЕВН Македонија.

На настанот свое обраќање имаа генералниот секретар на Црвен крст на Р.Македонија г-дин Саит Саити, директорот на компанијата Даути г-дин Џемаил Даути, претставник на ЕВН г-дин Игор Гилевски, градоначалникот на општина Сарај г-дин Беким Мурати и претседателот на Здружението на Пензинери од Сарај г-дин Аргировски.

Со оваа активност социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица  центар за давање помош во домашни услови“ се проширува со функционирање на трет по ред дневен центар за активни стари лица и вкупно 150 стари и изнемоштени лица кои се посетуваа во домашни услови на вкупно 8 општини од страна на 12 волонтери и 5 медицниски сестри на Црвен крст на град Скопје.

saraj2

< врати се назад