август 5, 2015

Помош за настраданото население од поплавите во Тетово

Во текот на денешниот ден, Црвениот крст на РМ за настраданите семејства погодени од од силното невреме во Тетово и околината ќе изврши дистрибуција на помош во храна 200 пакети, средства за хигиена 200 пакети, 200 сетови за дезинфекција, 800 ќебиња и вода за пиење. Од денес до недела секој ден по 250 парчиња леб волонтери на Црвениот крст ќе вршат дистрибуција на семејствата во селата Шипковица, Мала Речица и Голема Речица.

Црвениот крст на РМ и понатаму продолжува да ја координира и обезбедува хуманитарната помош која е неопходна за настраданите семејства, согласно доделената улога од страна на Координативното тело на Владата на РМ за справување со последиците настанати од елеменетарната непогода во Тетово и околината.

Помошта во вода за пиење, средства за хигиена (средства за дезинфекција) и храна може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 08,00 до 16,00 часот (контакт тел: 3 096 227), и магацинот на Црвен крст во Тетово на ул. „Фрушанска“ бб. (контакт тел. 070 706 255), до 15 август 2015 година.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

  • Сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

–     Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Црвениот крст на РМ следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на настраданото население од поплавите.

За обезбедената и дистрибуирана хуманитарна помош јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.

11844922_1478038132506342_80903003415761746_o

< врати се назад