Red Cross Shape
Претседателот Пендаровски на првата Академија за дисеминатори за Меѓународно хуманитарно право

2022-12-19

Претседателот Пендаровски на првата Академија за дисеминатори за Меѓународно хуманитарно право

Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамки на програмата за промоција на Меѓународното хуманитарно право во период од 19 до 21 декември 2022 година ја организира првата Академија за дисеминатори за Меѓународно хуманитарно право со поддршка од Меѓународниот комитет на Црвен крст.  Оваа академија претставува базична обука за МХП и е наменета за студни од областа на правните, безбедносните и воените науки. На отворањето свое обраќање имаа Саит Саити – Генерален секретар на Црвен крст на РСМ и Стево Пендаровски – Претседател на Република Северна Македонија.  

Саити истакна дека Црвениот крст на РСМ ќе вложи напори за зајакнување на институционалните механизми во нашата држава, дополнително препознавање на нашата улога и градење на силни партнерства со владини и меѓународно организации и чинители во намерите Република Северна Македонија да ја докаже својата спремност во областа на меѓународното хуманитарно право особено во процесите на евроатланските интеграции. Нашата работа и мисија веруваме дека во идниот период ќе најде на поддршка и препознавање од ресорните институции од областа на одбраната, внатрешните работи, надворешните работи и дипломатијата и со тоа Црвениот крст на РСМ да прерасне во референтна платформа која ќе ја обединува научната и експертска јавност во државата во насока на градење на институционалeн систем за промоција на меѓународното хуманитарно право.

Претседателот Пендаровски во своето поздравно обраќање го истакна значењето на оваа Академија за создавање кадар од академската заедница кој ќе го промовира и афирмира меѓународното хуманитарно право пред различни целни групи. Посакувајќи успешна обука на првите учесници на Академијата за дисеминатори за Меѓународно хуманитарно право, претседателот Пендаровски изрази надеж дека академијата ќе стане традиционална. Претседателот Пендаровски ја истакна и важноста од градењето на култура на почитување и применување на хуманите принципи, особено во овој период на голема хуманитарна криза.

Други вести

Недела на борба против ракот
Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани
Психо-социјална поддршка за деца евакуирани од поплавите во Кичево

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom