Red Cross Shape
Претставници на ЦКРСМ учествуваа на обука за анализа на ризик и сценарио во Сараево

2026-06-12

Претставници на ЦКРСМ учествуваа на обука за анализа на ризик и сценарио во Сараево

Во периодот од 9 до 11 јуни 2026 година, претставници на Црвениот крст на Република Северна Македонија учествуваа на тридневна обука за анализа на ризик и сценарио во Сараево, Босна и Херцеговина, организирана од Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина (МФЦК/ЦП) со поддршка на Швајцарскиот Црвен крст.

Обуката беше насочена кон зајакнување на капацитетите за препознавање и анализа на ризици, развој на сценарија за можни кризни состојби и подобрување на подготвеноста за хуманитарен одговор. Преку практични вежби и групна работа, учесниците работеа на проценка на ризици, планирање на одговор и идентификување на фактори кои можат да влијаат врз хуманитарните потреби.

Стекнатите знаења и алатки ќе придонесат за понатамошно унапредување на оперативното планирање и подготвеноста на ЦКРСМ за навремено и ефикасно дејствување во различни кризни ситуации. Воедно, работилницата ја потврди важноста на регионалната соработка и размената на искуства меѓу националните друштва од Западен Балкан.

Други вести

Конститутивно-изборна седница на Собранието на Црвен крст на Република Северна Македонија
Учество на младински состанок во Солферино, Италија
Пехар за Делчево, Тетово, Свети Николе и Демир Хисар

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom