
2024-12-05
Проценка на капацитетите на Црвен крст Центар
Од 23 до 24 ноември се реализираше Проценка на организациските капацитети (BOCA) на Општинската организација Црвен крст Центар. 11 члена од организацијата, вработени, волонтери, претставници на раководен одбор и собрание преку свое искуство и свои знаења имаа можност да дадат свој придонес за идентификација на важни области во кои треба да има напредок на Општинската организација, но и да ги согледат силните страни. Се креираше план со активности со одредена временска рамка кој ќе допринесе за создавање на посилна организација.
Честитки до сите вклучени од Општинска организација на Црвен крст Центар како и за успешно спроведување на процесот.
